Големо НЕ од штипјани за укинување на продолжените викенди и кратење на верските празници

Да нема измени во законите за префрлање на празниците од недела во понеделник, децидни се анкетираните штипјани. Тие бараат да продолжи досегашната практика, законите да се почитуваат, а да нема промени ниту во префрлањето на празниците, ниту во намалувањето на бројот на верските празници. Сметаат дека на граѓаните им е потребен одмор и дека неработните денови треба да останат како и досега.

Граѓаните со став дека токму празниците се единствените денови кога вистински се одмораат и се посветуваат на најблиските, па затоа сметаат дека изборот на само неколку верски празници не доаѓа предвид. Според нив, наместо да се намалува бројот на неработни денови, треба да има повеќе можности за одмор.

Неодамна, Стопанската комора излезе со предлог за намалување на бројот на неработни денови на околу 13 годишно, со укинување на префрлањето на празниците што се паѓаат во недела и ограничување на верските празници.

Ева Тушевска, М-Нет