
За првпат телевизија М Нет организира избор на спортист до 18 години за 2023 година на град Штип, со план овој избор да стане регионален.
Во изборот за спортист до 18 години за 2023 година на град Штип влегуваат сите спортисти кои имаат до 18 години и кои се натпреваруваат за клубови на територија на општина Штип, без разлика дали во машка и женска конкуренција како и дали спортистите доаѓаат од колективни или индивидуални спортови.
Во рангирањето на спортистот во предвид се зема најдобриот резултат за 2023 година, односно дали спортистот има учествувано на Олимписки игри, Светско првенство, Европско првенство, Медитерански игри, Балканско првенство, Државно првенство на Македонија, Куп на Македонија, Меѓународни и домашни турнири како и тоа дали е член на репрезентација на Македонија.
Секој спортски колектив може да пријави повеќе спортисти кои ќе ги исполнува условите од правилникот, а кој ќе биде дополнително објавен. Многу важен е моментот за сите спортисти кои ќе бидат предложени од секој спортски колектив резултатите да се веродостојни бидејќи истите ќе бидат проверени односно резултатите пријавени од матичниот клуб на територија на општина Штип треба да бидат потврдени од федерацијата каде членуваат спортистите или од сајтовите на спортските организации (организатор на натпреварување – домашно или меѓународно) каде учествувале спортистите т.е. копија во писмена форма од постигнатите резултати со печат и потпис.
Резултатите на сите спортисти ќе бидат проверени во матичните федерации од страна на Комисијата која ќе го врши изборот за најдобар спортист до 18 години на град Штип во избор на телевизија М Нет. Секој спортски колектив може да пријави повеќе спортисти кои ќе ги исполнуваат услови од овој правилникот. На самата пријава покрај име и презиме на Претседателот на клубот, клубот е должен на пријавата да стави и печат. Пријавите кои не ги содржат сите потребни информации (пријави со нецелосни и неточни податоци) ќе бидат отфрлени и нема да учествуваат во изборот. При идентични спортски резултати предност ќе има спортистот кој во континуитет покажува подобри резултати (резултати постигнати во претходните години т.е. сезони)
Сите детални информации од правилникот за избор на спортист до 18 години на град Штип за 2023 година ќе бидат објавени дополнително, а дополнително ќе бидат објавени и датумите за пријавување на спортистите како и датумите кога истиот избор ќе се одржи.
Покрај награда за најдобриот спортист до 18 години за 2023 година на град Штип во организација на телевизија М Нет, ќе има награди и за сите останати учесници без разлика на нивниот пласман на конечната ранг-листа.