Сурова – обред кој за среќа зачуван само во Пијанец, порано се практикувал за изгонување на лошите сили

Маж претворен во млада невеста, рака под рака со младоженец, околу нив лица под маски на мечки и страшила со рогови, мажи исцрнети од јаглен, темни и непрепознатливи, поп со дрвен крст, ваква изгледале некогашните Суровари, кои се дел од обредот сурова наспротив празникот Св.Василиј Велики. Масовна практика, позната кај повозрасните, ама тешко дека денес некаде се практикува, која порано се правела со цел да се избркат нечистите сили, кои кружат кај луѓето во некрстените денови. Повозрасните штипјани преку денешната темата на М-нет телевизија се потсетија на стариод обред, кој ги наврати на нивното детство и младост.

Повозрасните домакинки, кои ваквите обредни практики ги затекле од порано, велат дека обично на сурова оделе само мажи, возрасни, а домакинките ги пречекувале и им давале грав, масло, пченка, месо и се друго што ќе им се најде.

Инаку, обредот Сурова во истокот денес за среќа е жив само во Пијанечкиот крај поточно во селото Ѕвегор, а на истиот се прикажани сите ликови, исто како во минатото, потребни за да се избркат лошите сили, за сите кои што веруваат, за другите како што се вели, секој сам судбината да си ја крои.

Лаура Стојанова, М-Нет