
На 26. јануари ќе се одржи Изборното генерално собрание на ОФС Кочани за избор на нов претседател на ОФС Кочани.
Поднесена е единствена кандидатура од страна на актуелниот претседател Александар Андов. Мандатот на претседателот на ОФС е во време траење од четири години.
Во ОФС Кочани покрај општина Кочани графитираат и следниве општини – Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево. Вкупно 16 клубови се под капата на ОФС Кочани.
Дополнително ОФС Кочани е организатор и на Третата македонска фудбалска лига – Исток. Овој третолигашки регион бележи подобрување на условите за игра и организација, но и правилата, а секретар на ОФС Кочани е Столе Тошев.
Се очекува Андов со акламација да биде реизбран за претседател на ОФС Кочани.
Александар Ванев, М-Нет