
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за двата пријателски натпревари против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево и против Турција во Истанбул на 1 јуни, двете репрезентации се учесници на Светското првенство.
Репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов, вели дека за нив нема пријателски натпревари, секогаш кога го носат дресот на Македонија одат на победа.
ИЗЈАВА ЦЕЛА Јани Атанасов репрезентативец на Македонија
Селекторот Гоце Седлоски претходно го објави списокот со повикани фудбалери, а на истиот има пет дебитанти – Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Дарко Додев, Дарко Анѓелески и најдобриот стрелец на Вардар, Азар Омерагиќ.
Александар Ванев, М-Нет