
Земјоделците да се откажат од политичките притисоци, да се обединат и да учествуваат во носењето на законските решенија се дел од главните приоритети за 2026 година, за кои денес разговараа раководството на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија и земјоделците во општина Карбинци. Идејата е организирање во здруженија и асоцијации со јасен и легитимен глас пред институциите, а посебен акцент е ставен на учеството на земјоделците во сите комисии при Министерството за земјоделство. Целта, како што кажа претседателот Петре Стојанов е земјоделците директно да влијаат врз одлуките што ги засегаат.
,,Предлагаме како асоцијација, ги повикуваме сите земјоделци да се обединат во здруженија, а понатаму здруженијата да се обединат во асоцијации, сојузи и други значајни установи подржани од страна на земјоделците, со цел бидиме по организирани и да дојдеме до она што е реалнo. Сите земјоделци да се откажат од политичките притисоци, од политичките партии, да се наклонат кон обединување на земјоделците во здржунеија во асоцијација и потоа секое здружение или асоцијаца да биде претставник пред надлежните во министерството за земјоделие. Тоа е една работа, а друга работа е бараме и предлагаме во сите комисии зво министерството за земјоделенеи да учествуваат и земјоделците. Покрај тоа, при носењето на законите , секогаш да има член од земјоделците. “, вели Стојковски
Ниската откупна цена претставува сериозен проблем за производителите, особено кога таа не ги покрива трошоците за производство. Во такви услови, улогата на државата е клучна за обезбедување финансиска поддршка и стабилност на пазарот, додаде Стојковски
,,Ако е ниска откупната цена, зборуваме за берзанската цена, тогаш државата е дожна да изнајди дополнителни средства за разликата од берзанска цена до цена на чинење, да обештети така речено. Резултат ќе има по обединувањето, само без притисок на политичка партија.“, додаде Стојковски
Како што и напомена претседателот Петре Стојковски, реузлтати очекува да има по обединувањето, а тоа да донесе многу задоволство кај земјоделците.
Иван Митев, М-Нет