
Влечки, крпи, пешкири и парфеми се по цена од 100 денари се продаваат на Штипскиот пазар во пресрет на Новата година. Ваквата понуда ги привлекува купувачите, кои велат дека цените се прифатливи и достапни за секого. За мал износ, граѓаните можат да купат корисни производи кои често ги користат во секојдневието. Купувачите истакнуваат дека квалитетот е солиден во однос на цената. Продавачите забележуваат дека интересот расте од ден на ден. Се почесто, овие производи се купуваат како симболични новогодишни подароци за семејството, пријателите и најблиските.
Пазарот пред Новата година е полн со купувачи, а тезгите со едноставни и достапни производи создаваат весела атмосфера. Луѓето ја користат можноста да разгледаат и да изберат нешто корисно за дома, но и за пријателите и семејството. И додека празниците се ближат, продавничите велат дека секој ден носи повеќе посетители и повеќе насмевки на купувачите, бидејќи купуваат и квалитетно и евтино.
Иван Митев, М-Нет