
Нови амандмани за инфраструктурни проекти ќе бидат поднесени во Собранието од страна на пратеникот Никола Мицевски за креирање на Буџетот за 2024 година. Ако претходно се бараа средства за конзоли на река Отиња, поставување заштитна ограда или пак за воведување на градски превоз и набавка на нови автобуси, овојпат барањата ќе бидат за инфраструктурни проекти кои се од значење за граѓаните во Штип, посочи Мицевски.
„Редовно се поднесува не само за ова се поднесуваат амандмани и за конзоли, ама и за други капитални проекти кои Штип ги има како потреба. Во минатото поднесувавме и за автобуски линии, немавме слух од централната власт. Ама ќе побараме одредени средства за инфраструктурни проекти, она што е важно за граѓаните.“ – вели Мицевски.
Во врска со формирањето на новиот Буџет за 2024 година Мицевски очекува да биде донесен на потранспарентен начин споредбено со претходно.
Мицевски посочи дека барањата за Штип продолжуваат и во иднина со цел градот да го добие заслужениот изглед.
Лаура Стојанова М-Нет