
Спортската сала во Основното училиште Тошо Арсов е една од најискористените спортски објекти во Штип кои сведочат за многубројни успешни генерации на машкиот и женскиот ракомет, на футсал мајсторите и на најмасовните натпревари во рамките на Училишниот спорт. Што повеќе се искористуваше и одминуваше времето во неа се влошуваа условите за тренинг и за игра, за да во последно време се започна дел по дел да се реконструира, нешто кое мора да продолжи. Тренерот на ЖРК Астибо Дејан Величков долги години како ученик, ракометар сега и тренер во оваа сала забележува некои нови реконструкции и промени кои сепак не се доволни за да се имат неопходните услови.

Добрите условите за тренинг и натпревари се неопходни за исфрлањето на младите таленти кои понатаму ќе бидат потребни за македонските селекции. Интернационалниот судија, воедно и Комесар за натпревари при РФМ Славе Николов со апел да се подобрат условите за тренинг и игра во оваа спортска сала.

Потребни се вакви клубови за перспектива на женскиот ракомет со наши млади ракометари.
Силвана Карбевска, интернационален судија со носталгија се потсеќа на „страшната“генерација на Кометал Ѓорче Петров со констатација дека тимот во гламном беше од странски ракометарки со мал исклучок, и дека токму примерот со ЖРК Астибо е пример за исфрлање на наши млади ракометарки.

Убаво е што на промоцијата на ЖРK Астибо покрај многубројните спортски работници присуствуваа и приличен број на бизнисмени кои се и те како потребни на спортски Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk