Дефект на главната водоводна линија во Штип, можен прекин со водоснабдувањето

Настанат дефект на главната водоводна линија во Штип може да го отежни или прекине водоснабдувањето, известија од ЈП „Исар“.

„Поради дефект на главна водоводна линија, Линија 1, ги известуваме жителите кои се водоснабдуваат од градскиот водоводен систем дека денес, 14.12.2021 година, вторник, може да дојде до делумен прекин или отежнато водоснабдување претежно во повисоките делови од градот сè до санирање на дефектот. Благодариме на разбирањето!“ – стои во известувањето од јавното претпријатие.

Ребека Спасова МНет