
Со стари адети и обичаи, верниот народ го слават Ѓурѓовден во Штип. Уште рано наутро, со берење билки и врбови гранчиња, граѓаните започнаа со одбележувањето. Кај светите води на светиот Ѓеорги Победоносец во штипската населба 8 ноември и годинава весело верниците дојдоа. Со силна вера, со молитва и духовно смирение, верниците се миеја и полнеа шишиња со света вода за дома. Пред камерите на М-Нет телевизија, старите штипјани потсетуваат за богата традиција на македонскиот народ, која го красела Ѓурѓовден со различни обичаи. Лулање на момите на лулашка, мерење на кантар, лепење со лепешки и пеење на ѓурѓовденски песни, што денес се обидуваат да се зачуваат од заборав.
Некогаш Ѓурговден се славел на големо, денеска повозрасните велат не е како порано. Остануваат среќни оти младите почнаа да веруваат во христа и да ги почитуваат празниците.
Со надежта дека обичаите ќе продолжат да се пренесуваат од генерација на генерација, градот под исарот денеска испрати порака, дека традиција живее и дека народот силно верува и слави.
Иван Митев, М-Нет