Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи

Мицкоски беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и победи на истите. Во денешната изјава за медиумуте, претседателот на Владата Христијам Мицкоски, изјави дека оваа година е реформска и година за консолидирање. Меѓутоа, како што истакна Мицкоски за сега фокусот е да се зголеми економската активност со што ќе влијае на стандардот на граѓаните.

„Има некој од партиите кои се исплашија од таа изјава, ја следам. Мојот став вие го знаете, мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои што ќе се случат наскоро во пролетта 2028 година. Дали 2027 е опција? Знаете дека ВМРО -ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи, но она кое што ние сега го правиме и кое што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност, со што ќе го зголемиме и стандардот на граѓаните. Па наскоро мора да има избори, такви се законите, на четири години секогаш има избори.“- Христијан Мицкоски, претседателот на Владата

Мицкоски додаде дека редовните избори се очекуваат според законските рокови, кој диктираат дека истите ќе се одржат на пролет 2028 година.

Дајана Сандева, М-Нет