Индустријата во Македонија губи работници, за само една година бројот на вработени намален за речиси три проценти

Индустријата во Македонија губи работници, за само една година бројот на вработени е намален за речиси три проценти. Падот е најизразен во рударството, каде бројот на работници е намален за речиси седум проценти. Намалување има и во преработувачката индустрија, која бележи пад од близу три проценти. Мал раст, пак, има само во секторот енергетика. Според статистиката на ДЗС, ако се погледне периодот од почетокот на годината, бројот на работници дополнително се намалува, што укажува дека индустријата и понатаму се соочува со притисоци.

,,Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 
2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.“, соопштуваат од ДЗС

Податоците покажуваат дека трендот на намалување на бројот на работници во индустријата продолжува. Во првите три месеци од годинава, падот дополнително се продлабочува. Останува да се види дали ваквата состојба ќе продолжи и во наредниот период.

Иван Митев, М-Нет