
Со едноминутен молк, рецитал и положување свежо цвеќе денеска пред бистата на великанот Ацо Шопов во Штип се одбележа 41 годишнина од неговата смрт. Преставници од Локалната саамоуправа, политички партии, делегации и пријатели положија свежо цвеќе, а со пригоден говор присутните ги поздрави претседателот на здружението на борци.
„Денес се навршува41 година од неговата прерана смрт. Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941- 1945 година. Се поврзува со врвни поети во Македонија, а неговата поезија е поврзана и со поети од светски ранг. Ацо Шопов е роден на 20 декември 1923 година Штип, а почина на 20 април 1982. Основно училиште и гимназија завршува во родниот град Штип и завршува филозофски факултет во Скопје“ – потенцираше Мицевски.

Ацо Шопов бил дел од младинската организација, органзирал разни предвања по градовите и селата, а бил и уредник на неколку списанија.
Тој е застапник во сите антологии на македонската поезија во државата и странство, а познат е и како преведувач на странски литературни дела. Автор е на повеќе списанија, книги и дела по кои се памети нековиот лик и дело.
Лаура Стојанова М-Нет