Ампева со низа прекршени работнички права и прашања до Влада за настаните со општинското обезбедување

Вработен во приватна компанија во Пробиштип распределен да ја обезбедува општинската зграда во Куманово. Овој настан кој се случи вчера ја прели чашата за денеска на прес конференција да излезат од „Гласен текстилец“- Штип. Од таму посочуваат дека фирмата уште за време на корона пандемијата правела притисок на вработените да поотпишат спогодбени откази, а сега тоа го прави преку распределба за сами да се откажат од работното место. Кристина Ампева посочува и низа други прекршувања на работничките права во приватната фирма.

„Нередовна исплата на плата однонсо плата и од само 100 денари до 15 месецот, а потоа исплата до минимална плата без испалата на додатоци надоместоци на плата, како минат труд, работа во смена, прекувремена работа, работа во недела или на празник. Лани по завршување на корона кризата Никоб бројот на оние кои се потпишаа на спогодбен отказ беше над 50 луѓе. Кој би потпишал спогодбен отказ кога би знаеле дека ништо не им следува со тоа. На вработените им се прават притисоци на работниците за да потпишат спогодбен отказ, а откако не се потпишаа бидејќи имаат важечки договори сега Никоб врши прераспределба на работните места.“ – кажа Ампева.

Ампева во оваа прилика упаува и низа прашања до Влада, бидејќи под знак прашалник е ставена егзистенцијата на 163 семејства, на ниво на државата. Вели Владата е должна да преземе мерки и активности бидејќи се има потпишано на договорите.

„Зошто не реагираат на овие злоупотреби и кршење на правата на вработените, 163 на број, конкретно за овие за кој е склучен договорот и кои ги обезбедуваат општинските згради. Во член 5 став 6 стои дека е валиден до девети месец 2024 година“ – вели Ампева.

Инаку, претходната недела без обезбедување останаа општинските згради во Штип и уште неколку града во Истокот, бидејќи на вработените и било кажано да потпишан спогодбен отказ.

Лаура Стојанова М-Нет