СОУ „Јане Сандански“ Штип го одбележа својот патрон празник и 66 години од постоењето на училиштето

Со интонирање на химната, пригодна манифестација, музички точки и рецитал средното медицинско училиште Јане Сандаски во Штип го одбележа својот патрон празик.

Пригодни говори за ликот и делото на Сандански како и за основањето и постоењето на средното училиште беа презентирани од страна на ученици кои одлучиле своето образование да го продолжат овде.

„Нашето училиште нижи успеси со изведување на здравствени работници кој живот даваат во служба на хуманоста. Нашето училиште 66 години гради успешна приказна и преставува регионален лидер во образување на медицински сестри, фармацевти, физиотерапевти..“ – велат учениците.

Добро минато и уште посветла иднина – директорката Марија Николиќ истакна дека се остава траг и пример кој треба да се следи за уште поуспешни генерации кои ќе бидат дел од големото семејство на средното медицинско училиште.

„Чест ми е што денес го одбележуваме патрониот празник на СОУ Јане Сандански Штип, 66 годишно постоење, училиште со традиција, историја, добро минато, а уште посветла иднина. Би сакала да ги поздравам и да се заблагодарам на сите кои не удостоија и се дел од денешниот настан. Оставаме траг и обврска на идните генерации да го следат овој пример и да не го заборават патронот Јане Сандански Штип.“ – додаде Николиќ.

Името и делото на Јане Сандански ќе продолжат да се негуваат и слават порачаа денеска средношколците од медицинското училиште кое го носи неговото име.

Лаура Стојанова М-Нет