ЈП ИСАР форсира луксузни набавки наспроти насушните потреби на штипјани

Општинскиот комитет од опозиционерската партија ВМРО-ДПМНЕ  преку својот гласноговорник  денес на прес конференција ги пласираше сопствените забелешки за наводното непрофесионалното работење на Јавното претпријатие Исар која наместо на водоснабдувањето и одржување на хигиената во градот , приоритет  им дава на непотребни и луксузни набавки.

Во соопштението до јавноста од денешниот прес на ОК ВмроДпмне Штип стои-

Трошиме на сладолед , а немаме за основните потреби на граганите!

Очигледно ова е новата парола на ЈП Исар, кое секоја година набавува луксузни работи, од парите кои ги собира од граганите.

Спротивно на ова , Исар не ги сервисира основните проблеми на граганите.

Градот стана една огромна депонија.

Отпадот и нечистите улици се работи за кои секојдневно се соочуваме.

Неуредни паркови и запоставени детски игралишта е сликата која асоцира на овој град.

Необезбедување на вода во домакинствата во период на ковид пандемија , а состојбата на која веќе се навикнавме .

Набројаното е само доказ дека ЈП Исар не се работи во името на граѓаните. Услугите за кои им се плаќа и се дел од нивната основна дејност, непрофесионално се извршуваат, додека претпријатието се луксузира од тешко заработените пари на просечниот граѓанин.“

ВМРО-ДПМНЕ  Штип останува на ставот дека суштината и смислата на постоењето на Јавните претпријатија е да ги следат интересите на граѓаните и навремено да ги испорачуваат продуктивните и квалитетни кумунални услуги особено во време на Пандемија .

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет