
Со печено месо, традиционални ручеци, салати и домашни десерти, граѓаните подготвени да го пречекаат празникот Спасовден, кој започнува од утревечер.
Празникот секогаш се паѓа во мрсен ден, а тоа значи богата гозба, полна маса и наздравување со чаша ракија. Се слави со најблиските, се моли за здравје, а најчесто се вели ако не за друго, пари мора да има за Спасовден.
И покрај високите цени, граѓаните не се откажуваат од празничната традиција. Велат дека трпезата за Спасовден не смее да биде празна.
Иако празникот се слави со векови, граѓаните велат дека начинот на прославување со текот на времето се менува. Ако некогаш Спасовден масовно се славел со многу гости и полни домови, денес се поретко се оди на гости.
По пандемијата, велат, животните навики се промениле, па празникот најчесто се одбележува со најблиските.
Инаку, празникот менува датум, никогаш ден и секогаш се празнува во четврток, на шестата недела по Велигден. Овој празник е еден од поголемите во годината и до овој празник граѓаните се поздравуваат со изреката Христос Воскресна, Навистина Воскресна.
Иван Митев, М-Нет