Силен ветер и пороен дожд за продолжениот викенд, од вторник летни температури над 30 степени

Силен ветер и пороен дожд за продолжениот викенд во источниот дел од земјава, стабилизација на времето од вторник со температури над 30 степени. До четврток ќе преовладува суво, но ветровито време, со засилен северен и северозападен ветер кој локално ќе надминува 50 километри на час. Од петок следува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава, особено во источните региони. Нестабилното време ќе продолжи и во деновите од продолжениот викенд. Од вторник се очекува постепена стабилизација и значителен пораст на дневните температури.

,,Во источниот регион, за Штип и околината прогнозирана температура до 18 степени. Ќе биде ветровито, ќе дува повремено и засилен ветер од северен и северозападен правец. И во текот на следнтие денови без некоја значителна промена. Во текот на утрешниот ден ќе се задржи суво време, како и во четврток, ќе биде доста ветровито, а особено во источните региони каде локално ќе надминува над 50 километри на час. Веќе во петок во деновите од продолжениот викенд ќе имаме променливо облачно и нестабилно ,на повеќе мета пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено и во источните делови од земјава. Во однос температурите, во следните денови ќе имаме пораст во интервал од 6 до 13, а дневните од 19 до 26.“, кажа Фиданоска-Мишкоска

Стабилизација на времето се очекува веќе од вторник најави Фиданоска-Мишкоска, истакнувајќи дека температурите ќе надминат и 30 степени.

Инаку, засега индекот на квалитетот за воздухот изнесува 24 ниво просечно, што значи дека

Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.

Иван Митев, М-Нет