
Денеска чествувањето на празникот на сесловнеските просветители се одржа и во цркавата Св. Кирил и Методиј во населба Баби. За изградба на цркавата помогнаа донациите од граѓаните и верниците. Градоначлникот е надежен дека наредната година ќе биде осветен од страна на Брегалничката епархија
„Место каде што се чествува овој пр азник посветен на светите браќа. Овој храм кој што е во изградба заедно со црквониот одбор, се надевам дека до година, ќе го осветиме заедно со Брегалничката епархија, затоа што годините кои изминуваат овде донаторски од страна на општествено одговорни граѓани, верници се собираа средства да се игзради овој храм„ вели Јорданов
Донаторската вечер која се одржа изминатиот период е всушност мотив за верниците за да се соберат средства , кој како што вели дека ќе бидат доволни за изградба на храмот. Бројката на собраните средтства се уште не се знае, но смета дека се доволни за да се доврши изградбата и истиот да се освети.
„Она кое што беше идја е практично преку донаторска вечер да ги мотивираме верниците да се соберат средтсва со кои што се надевам дека ќе бидат доволни за завршување на овој свет храм. Не би можел да презицирам колку, но сметам дека се собраа доволно средства за догодина се заврсши изградбата на храмот и се освети„ посочи Јорданов
Денеска расположението на верниците беше задоволувачко. Среќни се секоја година што овој празник се чествува на ваков начин, кој трае се до доцните часови. Се очекува во текот на денот да дојдат што поголем број на верници и посетители и заеднички да го одбележат овој ден
„2017 година, како го започнавме, дојдовме до кров до крст и така натаму сакаме да успееме да ја продолжиме црквата., со мачкање со покрив. Денеска ккао шо гледате расположението ни е големо имаме народ, очекуваме ја пеачката и да почне веселењето.
„Вај празник е за нашите просветители. Оно синоќе имало до касните часови и денеска па до касно. Сеа ќе доат пеачите од Скопје, Ирена Спасовска. Сеа ќе дојдат од работа некои празнуват, некои работат“
Настанот е збогатен со музичка програма од страна на наша пеачка од домашаната естрада.
Лаура Стојанова, М-Нет