
Во изминатиот период се работеше на промена на канализациона мрежа на улицата Широк дол. А денеска започнува со реализација на над земја на истата. Предвидено е да се нанесат два асфалтни слоја на тротоарските површини , да се постави сообраќајна хоризонтална и вертикална сгинализација, осветлување, како и урбанизирање после долг период.
„Наредните денови и недели да се практично најпрво извади старата коцка а потоа да се третира надворешниот дел со поставување асфалтни слоеви и третирање на тротоарските површини. Вкупно средства кои што се обезбедени преку ЈП Исар за промена на подземната инсталација и преку светска банка за асфалтирање и за уредување на тротоарските површини, и за поставување сообраќајна сигнализација е некаде околу 10 милиони денари.„ посочи Јорданов
Во наредните денови предвидено е да се извади стара коцкаи да се започне со поставување на асфалтни слови на тротоарските површини. За овој проект од буџетот на Јп Исар издвоени се 10 милиони денари
„Комплетна замена на канализационата и водоводната инфраструктура со која се врши водоснабдување на жителите кои шивеат на оваа улица, до крајот на наредната недела ќе завршиме со приклучување на сите стамбени, колективни згради за домување и индивидуални куќи и ќе бидат комплетно заменеи примарната и секундарната водоводна линија.“ посочи Зајков
Во моментот се работи на асфалтирање на 1200м2 површина кај градските гробишта, за реализација на овој проект од буџетот на општина Штип се издвоени 2,2 милиони денари. Во иднина се планирани уште неколку проекти на повеќе локации во градот Штип со цел да се добијат современ и рубан лик како и да се решат долгогодишните проблеми на Штипјани
Лаура Стојанова, М-Нет