Силекс утре го пречекува Башкими, Шкендија во вечерен термин против Скопје

ФОТО: ФК Силекс

Утре на програмата ќе бидат два натпревари со кои ќе се затвори првото воведно коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во Кратово со почеток од 17 часот ќе се соочат Силекс и Башкими, во меч каде освојувачот на Купот на Македонија ќе биде голем фаворит против гостинот од Куманово.

Во 19 часот на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе се одигра мечот меѓу Шкендија и повратникот Скопје.

Со овие два натпревари ќе се затвори првото коло, а со тоа ќе го имаме и конечниот изглед на табелата по одигрување на првото коло.

Александар Ванев, М-Нет