Прволигашки ракомет ќе се игра и во Македонска Каменица, Првата лига ќе брои 14 екипи

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Во новата сезона на Првата ракометна лига ќе настапат 14 екипи, а ќе има два дебитанти, како и два суперлигаши од минатата сезона.

Од минатата сезона на прволигашкото друштво ќе настапат Драчево Јуниор, Македонија ЃП, Вардар Неготино, Текстилец од Штип, Аеродром, Јехона, Партизан, Овче Поле, Преспа и Шампион, од Супер лигата испадна Радовиш, а се откажа Пролет од натпреварување во елитата и ќе биде дел од Првата лига, а со тоа се отвори простор за Струга која испадна преку бараж пак да биде дел од елитата, а дебитанти ќе бидат Илинден и Сокол Саса од Македонска Каменица.

Во Македонска Каменица ќе се игра прволигашки ракомет во сениорска конкуренција, со што продолжува успешната спортска приказна на малото рударско гратче со застапување на речиси сите спортови.

Од минатата сезона место во Супер лигата обезбедија шампионот Мулти Есенс кој се врати во елитата, а по неколку години во елитата се врати и Младост од Богданци преку бараж совладувајќи ја Струга.

Александар Ванев, М-Нет