ФК Санта Луција од Малта каде тренер е штипјанецот Емил Грнев доаѓа на подготовки во Струмица

Второлигашот Санта Луција од Малта, каде шеф на стручниот штаб е Емил Грнев доаѓа на подготовките во Струмица, каде тимот кој има амбиции да ги напаѓа позициите за влез во Прва лига ќе ги одработи летните подготовки и ќе одигра два пријателски натпревари против македонски клубови.

Веќе во понеделник штипскиот стратег ќе ја има првата прозивка со што ќе биде означен стартот на летните подготовки

„Во понеделник официјално ние ги стартуваме официјално нашите подготовки за следната сезона, бидејќи првенството таму започнува на 13 септември. Имаме доволно време да се подготвиме за почетокот на првенството. Една недела ќе се подготвуваме во Малта, потоа на 3 август доаѓаме на подготовки во Струмица, каде што ги имаме сите максимални услови за работа. Имаме закажано два пријателски натпревари на 8 август играме против АП Брера Струмица и на 12 август против новиот амбициозниот третолигаш Илинден од Скопје. На 14 август веќе се враќаме во Малта каде ќе продолжиме со подготовки до стартот на новото првенство“, дополнува Грнев.

Двата пријателски натпревар Санта Луција против Брера и Илинден ќе ги одигра во Струмица.

Александар Ванев, М-Нет