
Пред да почне изборот на нов градоначалник штипјани очекуваат сите кандидати да имаат на ум делување во правец Штип да заличи на пристојно и пријатно место за живеење: зеленило, мини паркови на сите голи ледини, шеталишта, ослободени тротоари од стари крнтии и други автомобили, разубавување на центарот на градот, расчистување на сите диви депонии низ градот и населбите. Кој од кандидатите ќе има најголем сензибилитет во партијата на власт токму денес се реализира внатрепартиската анкета за лансирање на името на кандидат за градоначалник од СДСМ. Во најтесниот круг како што е познато влегуваат Ален Георгиев, Јане Миланов, д-р Сашко Николов и Билјана Казанџиска. Од четворицата кандидати на двете водечки позиции засега котираат Ален Горгиев директорот на Клиничкиот центар и пратеникот д-р Сашо Николов.
Иако не се завршени сите партиски гласања во ОК на ВМРО ДПМНЕ гласачкото тело на оваа партија како да е подготвено јавна тајна е веке искристилизираното име од оваа партија кој е фаворитот во трката за градоначалник на Штип.
Големи се очекувањата од новиот менаџер на градот од кој ќе се очекува да ги стави под свое сите комуналци, а во прв ред господата комунални инспектори со ташни и машни, да ги избрка од канцелариите и кафиќите. Бидејки корисниците на комуналните услуги очекуваат да ги видат и да ги препознаваме по улиците, да не штитат од кесите со ѓубре од третиот или четвртиот кат што ги џиткаат несовесните, да се прошетуваат покрај реката и да забранат во или покрај реката да не се фрла стари перници, тенџериња, пцовисана живина. Штипјани во анкетата на М Нет телевизија го повторуваат својот став и начин на функционирање на идниот градоначалник поедноставувајки му ја улогата на стабилен столб кој ке манифестира голем домакинлук и подеднаква грижа за секој жител на оваа општина.
Маре Стојилова М нет
Дарко Лазев М нет