Брегалница „распали“ по Росоман на крајот на првиот дел, вториот дел започнува на „градски“ со Каменица Саса

Фудбалерите на Брегалница растеретени по елиминацијата од Купот се „истурија“ врз новајлијата во лигата, екипата на Росоман. Во првото полувреме гледачите покрај малите екрани следејќи го директниот пренос на нашата М Нет ТВ имаа можност да уживаат во атрактивните 6 голови. Брегалница го откри резултатот рано во почетната фаза од натпреварот. Се играше петта минута, Мартин Стојанов побегна по десната страна ја префрли топката на спротивната страна кон Љупче Кудев кој пак извонредно асистираше за да Андреј Кудијан постигне гол за водство на Брегалница од 1:0.

Веќе во осма минута беше 2:0 за Брегалница, Анџело Николовски се проби по левата страна и упати центаршут а топката во мрежата по втор пат ја спроведе Андреј Кудијан.

Само што се тргна од центар гостите погрешија а Љупче Кудев направи продор по левата страна, ја сврте топката кон пеналтикот, Кудијан не ја зафати а овој подарок го искористи Мартин Стојанов кој непречено постигнува гол за веќе убедливи 3:0 а ја бележиме деветта минута од натпреварот.

Во 25 минута Брегалница зголеми на 4:0, погреши гостинската одбрана а подарената топка Шопоски идеално ја префрли кон Андреј Кудијан кој постигнува хет – трик, трет гол за него а четврти за Брегалница.

Тимот на Росоман го намали резултатот на 4:1 во 33 минута по изведениот прв корнер Бранко Андонов ја спроведе топката во мрежата на Денковски иако беше осамен а опкружен од четворица играчи на Брегалница.

Точка на головите во првиот дел стави младиот Љупче Кудев по одличната асистенција од Османовски постигна гол за веќе висок резултат од 5:1 водство на Брегалница.

Второто полувреме е приказна за себе во кое играчите на Брегалница имаа целосна доминација, дури и несериозно се поигруваа со противникот кој рака на срце иако беше на коленици сепак фер и коректно играше отворено со желба за постигнуцање на уште некој гол. Како резултат на несериозноста падна само еден гол и тоа дури во финишот на средбата, поточно во 86 минута а стрелец на голот беше Љупче Кудев, по одличната акција во која учествуваа Наумовски и Николовска а Кудев стрелаше за конечен резултат Брегалница – Росоман 6:1. Брегалница пропушти осетно да ја зголеми гол разликата во однос на Тиквеш и на крајот може да бидат решавачки вакви голгетерски пропусти пред се на играчите на Брегалница. Со овој натпревар се заокружи првиот дел во првенството а веќе во сабота продолжува вториот дел од одигрување на 10 коло. Брегалница ќе биде повторно домаќин а на „градски“ во Штип ќе гостува тимот на Каменица Саса предводен од шефот на стручниот штаб популарниот „Чалам“ Горан Здравков. Еве ги комплетните резултати од ова 9 коло:

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk