Повторна ескалација на состојбата со коронавирусот.

 Во детската градинка „Сончогледи“, нас.  Сењак денес е изолирана уште една група на дечиња поради позитивниот резултат  на една од воспитувачките. Ова е втор случај во оваа институција  за пеиод од една седмица

Паралелно со најмладата популација од денес во изолација е и поголема група на  пензионери, категорија која досега се покажа како најдисциплинирана во однос на практикувањето на здравствените протоколи. Можеби затоа денес се евидентирани поголем број на баратели за тестирање, стотина граѓани се заинтересирани за тестирања кои се закажани до крајот на неделата. По преоптовареноста на инфективното одделение, преоптовреност на капцитетите за лабораториски анализи има и во Центарот за јавно здравје. Ова е разгледувано и во Комисијата за заразни болести од каде најавуваат граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на сметка на Фондот за здравствено осигурување. Со ова, според Филипче, ќе можат да се прават и по 2.000 тестови дневно. Новите простории на општинско ниво ќе бидат отворени утре  а за дополнителни закажувања граѓаните ке имаат можност  преку „Мој термин“ . На растеретувањето на системот на лабараториски анализи се очекува во текот на неделата кога најверојатно ќе бидат достапни и брзите рапид-тестови, каде што резултатот би бил готов за петнаесетина минути.

Министерот за здравство Венко Филипче денес изјави дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање на пациентите во болница.

А за денешната состојба  во Штип во однос на ширењето на вирусот  градоначалникот Јане Миланов конмстатира повторна ескалација.

Надлежните не престануваат со постојано упатување на апели до граганите за сериозност при примената на здравствените протоколи. Најавите за прогласување на полициски час  не се најдобро решение и според констатацијата на  министерот . Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот Ремдесивир кој им помага на заразените од Ковид-19.

Државата  има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусотздравствените работници  се позитивно изненадени  од најавата дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава мегу кои и на штипскиот клинички центар.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет