Се прославува Христовото раѓање

Денес се прославува големиот христијански празник Бадник. Радоста на христијаните пред големиот ден Христовото раѓање. Со мир и слога да се започне бадниковата посна трпеза. Вечерта заедно со најблиските од семејството се собираме на трпеза. Паричката за среќа се става во лепче. Среќникот кој ќе ја добие паричката, се верува дека цела година ќе го следи успех и бериќет. Според нашите обичаи, храната од трпезата не се трга, туку од истата се појадува и следниот ден, па потоа ја расчистуваме трпезата. Од овој ден завршуваат и божиќните пости.

„Бадник доаѓа од зборот бдение. И затоа се собираме околу празничната посна трпеза, да го пречекаме Рождеството Христово. Оваа вечер е особено радосна за православните христијани бидејќи, целото семејство се собира заедно“. Изјави, свештеникот Добрица Јанев.

Божиќниот пост, големата среќа за Христовото раѓање. Утредента, се слави и највеселиот православен празник Божиќ. Го славиме раѓањето на Исус Христос.

„Се роди Бог во тело и се смири да ја прими човечката приорода за да биде блиску до луѓето. Бидејќи, каква друга природа да примаше, неможеше да биде тоа, нема да можеше да комуницира со луѓето. Така и Христос доби човечка природа да биде со нас“. Изјави, свештеникот Добрица Јанев.

Надица Стојковска/ М Нет

Игор Зиврев/ М Нет