Со песна, честитки и овошје им се честитаа Божиќните празници на болните од Ковид – 19

Во пресрет на Божиќните празници, на оние на кои им е најпотребно, болните во Клиничка болница Штип, поточно на Инфективното и Детското одделение, барем за момент им се разубави денот, со што во соработка на здружението „Бадникови поворки“,   Брегалничката епархија, хуманите граѓани, бизнис секторот и Општина Штип, добија честитки, божиќни колачиња и свежо овошје.
„Четврта година по ред „Бадникови поворки“ ги одбележува Божиќните празници, годинава во целата држава во повеќе градови се доставуваат Божиќни честитки со цел да се искаже поддршка на медицинскиот персонал, знак на чест за целата нивна пожртвуваност“ – истакана Милена, координатор на „Бандикови поворки“.
Со пеење на песната „Вечниот бог“ од страна на дечињата кои учествуваа во овој хуман настан, се почувствува топлината, искрената желба за подобро утре, како и надежта и почита кои за миг им се испрати на болните лица. Тие не се заборавени, а пораката стигна во време кога тоа им е најпотребно.
„Денеска дојдовме да им го честитаме Божиќните празници на колегите, на докторите на Инфективното одделение, на самите пациенти кои лежат и се хоспитализирани овде, со желби за многу здравје и брзо опоравување – кажа градоначалникот на Општина Штип, д-р. Николов.
Своја искрена благодарност за овој хуман гест изрази и Началничката на Инфективното одделение.
„Во името на персоналот кој работи на Инфективното одделение и во името на пациентите кои ќе ги добијат поклоните од здружението се заблагоадрувам и можам да кажам дека сите чувствуваме топлина во нашата душа.“
Моментално на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, има хоспитализирано 48 пациенти, на Кожното одделение со полесна клиничка слика има 2 пациенти, а 4 пациенти со потешка клиничка слика.

Лаура Стојанова М-Нет