Над 70 пријави од вработените за еден месец за неисплата на регрес за годишен одмор.

Секојдневно стигнуваат пријави од страна на работниците за неисплата на регрес за годишен одмор од нивните работодавачи на територијата на државата. Од 02 декември до денеска има над 70 пријави, дознавме од „Гласен текстилец“ Штип, во кои дел од вработените добиле по смешна сума од 1000денари, 2000 до 5000 денари к-15, а дел од нив воопшто немаат добиено регрес за годишен одмор. Многу е мал бројот на работодавачи кои исплатиле целосен регрес на своите вработени.

„Сето тоа што алудираме секоја година да се направи измена во општиот колективен договор за да нема вакви злоупотреби на регресот на годишен одмор, не вродуваат со плод. Знаете дека во договорот пишува дека фирмата што работела во загуба, може да исплати помал износ на регрес за годишен одмор.“

Соработка на „Гласен текстилец“ Штип, со Управата ја јавни приходи е сведена на минимум, со Државен Трудов инспекторат соработката продолжува.
„Дупката“ во законот која што е оставена дава можност секој да го толкува законот онака како што му одговара – истакна Ампева, додавајќи дека треба да се стави крај на недостатоците во законите и подзаконски акти и секој вработен да си го добие заслужениот регрес за годишен одмор.

.