
Седум од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се на рехабилитација во КБ Штип, а 42 лице се лекуваат во кочанската општа болница. Најголем дел од пациентите се со изгореници и тоа најчесто на горните екстремитети. Доктор Никола Костадинов вели дека се прават напори за да се постигнат подобри реултати кај младите, а за таа цел се подготвува и посебна соба за рехабилитација.
„Во моментот во КБ Штип имаме седум пациенти примени повредени од дискотеката во Кочани од кои пет пациенти се со изгореници на дланките, а другите двајца имаат поголеми изгореници. Во моментот тече подготовката на соба за рехабилитација.
Во кочанската болница има 42 пациенти“ – вели Косатдинов.
Во собата за рехабилитација на повредените потребна е работна машина за реханилитација на горните екстремитети. На ваков начин ќе има подобри резултати и поголема надеж за опоравување на повредените кои настрадаа во пожарот во Кочани.
„Во штипска Физикална терапија потребно е да се донесе машина за рехабилитација на горните екстремитети. Со неа ќе добиваме подобри резултати во однос на рехабилитацијата. Рехабилитацијата се обавува секојдневно, долга, но се надевам дека резултатите ќе бидат добри“ – додава Костадинов.
Сегашните резултати се позитивни вели Костадинов, односно децата кои секојдневно одат на физикална терапија чувстуваат подобрување во движење на прстите. Процесот е долг, но очекувањата се дека ќе заврши позитивно.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет