Штипските лозари се надеваат на добар род годинава, до моментот лозјата без ниту една болест

Штипските лозари веруваат дека 2025 ќе биде родна година

По година на разочарување, со лош род и мачна борба за опстанок, лозарите од Штипско конечно гледаат светло во нивите. Пролетта донесе обилни врнежи, лозјата се во одлична кондиција, а до овој момент – без ниту една болест. Очекувањата се високи, а надежта – реална.

„Ако се заштити добро, оваа година треба да биде родна година, затоа што имаше добри врнежи. За разлика од ланската, оваа ќе биде подобра. До сега нема никаква појава на болест, што е многу добро. До сега го имаме прскано четири пати“, вели лозарот Богданов, кој зад себе има децениско искуство.

,,Ако се заштити добро, оваа година треба да биде родна година, затоа што имаше добри врнежи. За разлика од ланската година, оваа ќе биде подобра. До сега нема никаква појава на болест, што е многу добро. До сега го имаме прскано четири пати.“, рече Богданов

Прибидејќи временските температури за периодов се добри, Богданов останува дециден дека нема да има штети во лозјата.

По очекувањата за добар род, земјоделците исто така оваа година се надеваат и на добар откуп, па како што велат истиот очекуваат да биде повеќе од претходната година.

Иван Митев, М-Нет