Утре, улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски без вода за пиење

Oд ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре, на ден 27.08.2026 година без водоснабдување ќе бидат корисниците:

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на ул.Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Текстот Утре, улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски без вода за пиење е превземен од МАКФАКС.