
Иако задцои петнаесетина дена сепак при крај е сеидбата на ориз во Облешево. Земјоделците велат дека најголем дел од нивните веќе се засеани, а сега во моментот се сеат поситните сорти ориз кои имаат пократка вегетација. Согласно временските услови престојното лето ќе се знае дали ќе доцни и жетвата или ќе започне навремено.
„Сидбата веќе е при крај, има уште некои 200 до 300 хектари ориз кои треба да бидат засеани. На делот на село Облешево има околу 200 – 300 хектари кои треба да се наполнат. Сеидбата доцни 15 до 20 дена“ – вели Ташовски.
Во меѓувреме оризот се уште стои во амбарите, па земјоделците очекуваат да започне откупот на стокови резерви и да има соодветна цена за белото злато.
„Јас сметам дека има околу пет илјади тони ориз и се надеваме дека ќе бидат откупени.“ – додава Ташовски.
Засега кај оризот не се забележани некои болести како што тоа беше пример пред неколку години.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет