
Второлигашкиот фудбал по неколку години пауза се врати во Виница, утре на домашен терен и пред својата публика Слога ќе го одигра првиот домашен меч во новата сезона на Втората лига против тимот на Големо Коњари.
Ова ќе биде соочување на два лански третолигаши, кои сега се нови второлигаши, а кои во меѓусебно соочување ќе ја бараат првата сезонска победа, оглед на тоа дека и двете екипи стартуваат со порази во првото коло.
Екипата на Слога Виница која ја предводи штипскиот тренер Емил Грнев загуби на гостувањето во рамки на првото коло од Скопје во Автокоманда со минимални 1:0, додека пак Големо Коњари кој го предводи Јовица Блажески загуби од Детонит Плачковциа на домашен терен со убедливи 4:0.
Спортската јавност во Виница утре ќе има можност да ја поддржи Слога на првиот домашен натпревар како второлигаш.
По долги години се врати и Шкендија од Арачиново во Втората лига, а сега тимот кој го предводи Љупчо Марковски – Калц ќе го одигра својот прв меч на домашен терен и пред домашната публика.
Повеќе од јасно е дека навивачите од Арачиново ќе даваат силна поддршка за Шкендија која утре ќе го пречека тимот на Охрид, а кој меч ќе можете да го следите на М Нет телевизија со почеток од 16:30 часот.
Шкендија Арачиново новата сезона ја започна со убедлива победа над Преспа во Ресен, а пак Охрид ремизираше во дербито со Беласица.
Александар Ванев, М-Нет