
Во рамки на второто коло екипата на Шкендија Арачиново на домашен терен ќе го пречека тимот на Охрид, во дерби соочување на две екипи кои имаат амбиции за висок пласман и за пласман во Првата лига, а кое соочување ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија со почеток од 16:30 часот.
Шкендија Арачиново сезоната ја отвори со убедлив триумф од 0:3 против Преспа во Ресен, а сега ќе сака победничката низа да продолжи и со триумф на домашен терен против Охрид, кој пак во првото коло на домашен терен ремизираше против Беласица во дербито на колото, а сега охриѓани ќе сакаат триумф и три бодови.
После долги години Шкендија Арачиново се врати во Втората лига, а тоа сигурно ќе предизвика многу публика на трибините кои ќе даваат силна поддршка за нивниот миленик кој по долги години одново е второлигаш.
Гледајте го соочувањето меѓу Шкендија Арачиново и Охрид, на М Нет телевизија, сабота од 16:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет