Со пригодна манифестација пречекани првачињата во ООУ „Славејко Арсов“ во Штип

Со рецитал и пригодна манифестација денеска беа пречекани првачињата во ООУ „Славејко Арсов“ во населбата Баби во Штип. 35 првачиња за првпат седнуваат во училишните клупи оваа учебна 2025 /2026 година година. Учениците од повисоките одделенија подготвија соодветна програма за пречек на првоодделниците, а првачињата имаа можност да се запознаат со училишните простоии и наставниот кадар.

„ООУ „Славејко Арсов“ утринава ја отвора вратата за нашите вредни мали првачиња, нашите ученици со кои сите заедно, сплотени како едно, иднина со знаење ќе градиме вредно. Вратата на иднината се отвора со моќта на знаењето, а затоа во училиштето наши мали првачиња, ве чекаат вредни наставници со кои ќе зачекорите по првите скали на убавите сказни, мудрости и приказни разни“ – вели Троковски.

Првачињата ги поздрави и градоначалникот Иван Јорданов, кој беше дел од оваа пригодна маниифестација. Им посака многу радосни моменти, многу знаење, и успешно започнување на нивниот образоваен процес.

„Ова е навистина ден за паметење, кој е значаен за сите нас затоа што е нов почеток и верувам дека ќе го паметиме до крајот на нашиот живот. Нов почеток, за нови успеси, за нови знаења, за нов развој на нашиот град и за развој на населбата Баби. Ви посакувам драги првачиња деновите да ви бидат исполнети со радост и многу знаење“ – вели Јорданов.

И оваа година во ООУ „Славејко Арсов“ Штип бројот на првачиња е намален идентично како и во сите останати основни училишта во Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет