
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го обојави списокот со повикани фудбалери за настап на пријателските натпревари против Босна и Херцеговина закажан за 29 мај во Сараево и против Турција закажан за 1 јуни во Истанбул.
На голманската позиција ќе бидат Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески. Во одбраната на располагање ќе биде Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Никола Серафимов, Дин Аломеровиќ, Јован Манев, Имран Фетаи, Себастијан Херара, Стефан Деспотовски, Дарко Велковски и Георгије Јанкулов.
Во средниот ред ќе бидат капитенот Енис Барди, Елиф Елмас, Бобан Николов, Јани Атанасов, Агон Елези, Сефер Емини, Дарко Анѓелески и Дарко Додев.
Во нападот на македонската репрезентација ќе бидат Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Милан Ристовски.
Петмина фудбалери за првпат ќе го облечат дресот на македонската репрезентација тоа се дефанзивецот на романски УТА Дин Аломеровиќ, десниот бек на Вардар, Јанкулов, фудбалерите на Силекс од средниот ред, Анѓелески и Додев, како и најдобриот стрелец на Вардар, Азер Омерагиќ.
Селекторот Седлоски поради повреди нема да може да смета на Љупче Дориев, Лука Станковски, Егзон Бејтулаи, Марио Илиевски и Димитар Митровски, а поради клупски обврски нема да може на располагање да бидат Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски.
Собирот на македонската фудбалска репрезентација е закажан за 25. мај во Скопје.
Александар Ванев, М-Нет