
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до нов триумф против Маџари од 81:76 за зголемување на предноста во финалната серија на 2-0.
„Металците“ имаа контрола над играта и резултатот во најголем дел од средбата и стигнаа до триумф со што тимот на МЗТ е на чекор до одбрана на шампионската титула.
Самиот финиш беше неизвесен кога тимот на Маџари се доближи на негатива од седум поени, а потоа стигна и на негатива од 79:74, а на крајот разликата беше 79:76, но немаше сили за ништо повеќе Маџари, па загуби со 81:76.
Смит МекСвејн имаше ефект од 19 поени, осум скока и три асистенции, а пак Војдан Стојановски за МЗТ имаше 18 поени. Кај Маџари со 25 поени Луис беше најефикасен, даде шест скока и две додавања, а пак Армстронг имаше 17 поени со плус седум асистенции и шест скока.
Во недела навечер ќе се одигра третиот меч кога Маџари ќе биде домаќин на МЗТ.
Александар Ванев, М-Нет