
Екипата на Силекс го доби финалето во Купот на Македонија откако славеше со минимални 1:0 над Шкендија со голот на Ади Алиќ, со што кратовчани стигнаа до четвртата Куп титула во клупската историја.
Сега екипата на Александар Васоски покрај тоа што го освои Купот на Македонија, обезбеди и излез во Европа, Силекс како и минатата сезона, така и оваа сезона ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Низ својата историја Силекс првата Куп титула ја освои во далечната 1994 година, втората во 1997 година, третата во 2021 година. Силекс уште двапати играше финалиња, но истите ги загуби во 1995 година и во 2022 година.
Александар Ванев, М-Нет