СДСМ: Владеењето на ВМРО и Јорданов е преку притисоци Јорданов: Ако ова е вистина, пријавете!

Протестот пред Влада закажан за утре е најсилниот и демонстративен доказ за владеењето на ВМРП ДПМНЕ со уцени и притисоци, истакнаа на прес конференција денеска од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека вработените во институциите под ингеренција на локална власт во Штип се принудени да присуствуваат на протестот.

„Стилот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ со уцени и притисоци, деновиве се посилно го гледаме на дело. Со јавни закани , заплашувања и уценувања врз вработените во училиштата, градинките, јавните претпријатија и администрацијата функционира вмровското владеење на Иван Јорданов и ВМРО ДПМНЕ. Најсилен и демонстративен доказ за тоа е собирот кој го организира ВМРО ДПМНЕ која насила ги тера и им наложува на вработените да присуствуваат на истиот , преку злоупотреба на моќта и власта . Вработените во институциите кои се под ингеренција на локалната власт добиваат пораки и лични директни наредби какви што веруваме дека никој не би сакал да добие. Закани со откази , вршење мобинг и притисок, се само едни од алатките со кои се послужи ДПМНЕ за организирање на собирот кој ќе се одржи во сабота. Оваа дрскост и нечовечки однос воопшто не изненадува. Не им требаше долг период на вмровските челници за да не’ потсетат на едно режимско и насилничко време“ – кажаа од СДСМ Штип.

На ова градоначалникот Иван Јорданов одговори дека ваквите прес конференции се со една цел ширење лаги и невистини.

„Ваквите пресконференции на СДС, имаат само една цел – ширење лаги и невистини, како и манипулација на јавноста. Доколку навистина има нешто од ова што е изнесено, отворено прашувам зошто не пријават во надлежни институции, кои се под нивна власт и контрола? А, во исто време, отворено и јавно ги повикувам сите граѓани, кои не се задоволни од оваа тортура во сите пори на општеството, во сабота да излезат масовно и заедно, без разлика на политичката определба, да се спротивставиме на дивеењето на власта предводена од СДС.“ – одговорија Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет