
„Дали штипјани сè уште возат точак, или велосипедот полека се заборава?“ – ги прашавме граѓаните на терен. Одговорите покажаа дека многумина имаат велосипед и сè уште го користат, додека други велат дека порано возеле многу повеќе. Сепак, го издвојуваат велосипедот како здраво превозно средство, кое е вистински лек за организмот, придонесува за подобро здравје
Кога станува збор за тоа каде најчесто возат велосипед, граѓаните ги издвојуваат различни локации во и околу Штип. Најчесто ја споменуваат патеката, Три Чешми и низ градот, каде што возат рекреативно или за пократки релации. Сепак, според нив, штипскиот релјеф и бројните нагорнини се една од причините поради кои градот не е најпогоден за велосипедисти, особено за оние кои велосипедот го користат како секојдневно превозно средство.
Со сигурност можеме да кажеме дека велосипедот сè уште има свое место меѓу штипјани. Некои возат од најмала возраст, други сакаат повторно да се вратат на оваа навика, а граѓаните имаат и порака до оние кои сè уште немаат велосипед – да си купат и да започнат да возат, поради сите придобивки што ги носи за здравјето и организмот.
Ева Тушевска, М-Нет