
Утринава нешто по шест часот е пронајдено беживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81 годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки.
-Телото е пронајден од страна на женско лце во шумата кај Новачко Маало во селото Драмче. На местото е излезено од страна на медицински лица и МВР, кои ја констатирале смртта на починатиот Б.А, се вели во информацијата од полицијата.
Информацијата за М-Нет телевизија ја потврди и портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова која истакна дека на телото не се пронајдени траги на насилство.