
Кога ќе се распишат парламентарните избори во државата, тогаш да се спроведе и референдумот во Штип за искористување на средствата од самопридонесот. Јорданов истакна дека за да не се трошат дополнителни финансиски средства, ќе се чекаат парламентарните избори без разлика дали тоа ќе биде наесен оваа година или во 2024 година. Околу еден милион евра се пари кои ќе се искористат за реконструкација на водоводната мрежа во штип, која преставува вистински проблем за граѓаните. Парите се доволни само за почеток на активностите.
„Во некои непосредни избори, парламентари избори кога и да се случат тој референдум би бил во можност да се спроведе заедно со изборите и на тој начин да се постигне посакуваниот цензус и да нема Општина Штип дополнителен трошок за избирачки комисии. Не е доволна оваа сума на пари, но затоа Општина штип со кофинансирање ќе се потрудиме да промениме поголем дел од застарената водоводна мрежа“ – кажа Јорданов.
Локалните активисти со поддршка за ваквата одлука парите од самопридонесот да се искористат за решавање на проблемите во градот, наместо да останат замрзнати на сметка.

„Мене ова ми е супер позиивно дека еве конечно една Локална власт се нафаќа да го потенцира овој проблем да ги потенцира овие пари дека некаде стојат, дека ја губат вредноста и дека треба да се искористат за нешто наменски. И мислам дека вака треба да изгледа една отворена и транспарентна дебата“ – кажа Ампева.
Дебатата на тема искористување на средствата од самопридонесот во Штип се реализираше со присуство на бизинс секторт, граѓанскиот сектор, сите активни чинители од општеството, претседатели на граѓански сектор како и претставници на политички субјекти. Целта единствена парите наместо замрзнати на сметка да се искористат за прокети кои се од големо значење за Штип и штипјани.
Лаура Стојанова М-Нет