
На 30.04.2023 околу 21.00 часот на регионалниот пат Штип – Плачковица, помеѓу с.Таринци и с.Нов Караорман,штипско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “ауди А5” со штипски регистарски таблици управувано од К.Т.(25) од с.Карбинци, општина Карбинци и патничко моторно возило “хјундаи акцент” со штипски регистарски таблици управувано од Д.М.(43) од Стар Караорман, штипско.
Во несреќата на место починал возачот К.Т. на аудито , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека возачот на хјундаито Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.