
Фудбалската школа „FC Next Level“ од Охрид организира голем меѓународен турнир во фудбал за шест категории на играчи.
Покрај домашните екипи, учество на овој турнир ќе земат и екипи од Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија и Косово.
Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, каде целиот спортски комплекс ќе биде ставен во негова функција.
Турнирот ќе се одржи од 9. до 11. јуни, а пријавувањето трае до 15. мај.
„Овој турнир ќе ја подигне спортската свест кај нашите учесници, ќе го поттикне натпреварувачкиот дух, социјализацијата и дружењето помеѓу децата преку основните фудбалски пароли: respect, fair play, no racism“, вели организаторот на овој меѓународен турнир.
Сите кои сакаат да пријават своето учество тоа може да го направат кај организаторот на турнирот Марино Маркоски на ++38972264509 или на емаил [email protected] како и на социјалните мрежи на фудбалската школа на „FC Next Level“.