
Домашно козјо млеко, урда и овчо сирење продава тетка Зајде од карбинското село Радање. Сами со својот сопруг чуваат над 50 кози и неколку овци во селото, со кои чесно работат и тргаат пари на страна. За М-Нет телевизија таа вели не е ништо тешко, кога се сака, бидејќи нејзе работата ја држи во живот. Млекото го продаваат по 100 денари за кило, а урдата по 200 денари, додека сирењето држи цена до 500 денари. Вели штипјани купуваат
Младите иселени од селата, таа и домакинот сами ја вардат куќата во селото, си чуваат кози, кокошки, а освен тоа и садат домати и пиперки во нивната бавча.
Инаку, Зајде речсии секој петок е на пазарот во Штип, ја знаат речиси сите, а од неа купуваат во гоелми количини. Штипјани се навикнаа на нејзе, а дополнително од неа купѕваат и пипер и малку домат.
Ева Тушевска, М-Нет