Свечено отворен петтиот јубилеен Меѓународен натпревар во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип

Со настап на учениците на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип во дворот на училиштето утринава се отвори петтиот јубилеен Меѓународен натпревар за млади музичари. Со учесници од државата и странство натпреварот ќе се реализира во периодот од 11 до 18 април. Оваа година има рекордни 500 пријави од учесници што преставува вистинска гордост, вели директорот на музичкото училиште, Горан Кавраков. Дециден е дека ова ќе прерасне во традиција која ќе се реализира секоја наредна година.

„Веќе пристигаат натпреварувачите оваа година има над 500 пријави од нашата држава, и надвор од неа. Па еве денес почнуваме со теоретските предмети, во понеделник со пијанистите, жичени инструменти, дувачки инструменти, и поп и џез состави. Поделени се на неколку локации во Општина Штип. Благодарение на Центарот на култура и мултимедијалниот центар кои што овозможија да се одвива овој натпревар.Натпреварот почнува денес на 11 април а завршува на 18 април со завршен концерт во безистенот„ изјави Кавраков

Натпреварот ќе трае еден недела и ќе се реализира на неколку локации во градот Штип. Денеска и утре се денови резервирани за теоретските делови, а од понеделник започнува пијано делот.

Предвидено е учесниците да се натпреваруваат во неколку музички дисиплинии и тоа во: класична музика, поп, џез, и светска музика, традиционални инструменти и состави, и теоретски предмети. За најдобрите учесници следуваат лауреат и гранд при награди.

Лаура Стојанова М-Нет