
Ако до пред извесен период конфекциите бараа работник плус, денеска се соочуваат со недостиг на работа. Државата станува прескапа за европската мода. Ситуацијата се менува од ден на ден, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Странските партнери се насочени кон далечниот Исток, и нашата држава се соочува со проблем да остане без доволно работа.
„Многу конфекции се судираат со немање на доволно работа. Ситуацијата се менува од ден во ден. Додека до пред месец дена баравме повеќе работници и повисоки цени за да можеме да ја качиме платата, сега странците видоа дека Македонија станува скапа за производство на текстил и отидоа во далечниот Исток и сега се судираме со проблемот немање на работа„ изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи.
За повеќе од 20% кај дел од компаниите е намалено производството на машка и женска конфекција. Ова пред се се должи на заминувањето на европските партнери од државата. Според Димитров најаларматно е во помалите конфекции во внатрешноста, кои не знаат дали ќе продолжат со работа.
„Од компаниите коишто работат работна облека имат помал пад, додека оние кои работат модно, имаат многу поголем пад. Без разлика дали се работи за машка или женска конфекција. Кај некој од нив тој пад е поголем и од 20% и дел од нив се мислат до кога да останат и да ги затворат своите конфекции„ изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи.
Оваа година се очекува пад на бројот на работници и индустриско производство од 3 до 5%.
Лаура Стојанова М-Нет