Димитриевски: Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот кога Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ!

Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот ама ова би имало полноправна важност кога Македонија ќе биде член на Европската Унија, истакна кандидатот за претседател од ЗНАМ, Максим Димитиревски кој вчеравчер беше дел од емиисјата Зум Анализа. Вели дека на таков начин ќе се заштитиме од ново вето од бугарска страна.

„По однос на уставните измени и внесување на бугарското малцинство во Уставот, во рок од 200 дена ќе направам комплетно нова рамка со конкретен предлог до Парламентот, во кој предлог всушност ќе бидат содржани уставните измени, но истите уставни измени со проширувањето на етничките заедници во Уставот ќе биде на реципроцитет со соседна Бугарија и дополнително истите Уставни амандмани би имале полноправна важност со моментот кога Македонија би станала полноправна членка на ЕУ.“ – вели Димитриевски.

Инаку, вчера се отвори и првиот изборен штаб на ЗНАМ во Штип. Димитриевски вели дека е задоволен од заинтересираноста на штипјани да бидат дел од ова движење. Дециден е дека ќе се работи во полза на граѓаните, следејќи ги петте принципи од неговата програма.

Лаура Стојанова М-Нет